Лоши вести за Реал Мадрид!

Екипата на Реал Мадрид доби лоши вести пред настапите кои следат затоа што Ферлан Менди има сериозна повреда поради која нема да може да игра подолго време.

Менди се повреди на мечот во Купот на Кралот против Атлетико, а по деталните лекарски прегледи утврдено е дека се работи за посериозна мускулна повреда која ќе го изземе играчот од клучните средби на „кралевите“.

Французинот нема да може да игра на двомечот против Ливерпул во Лигата на шампионите и во „Ел Класикото“ во Купот против Барселона, што сигурно се лоши вести за Карло Анчелоти и за Реал Мадрид.

Ова е деветта повреда за Менди по доаѓањето во Реал Мадрид пред четири сезони.