Лил гледа кон титулата: Ѕвездите од Париз кикснаа во Рен! (ВИДЕО)

Екипата на Пари Сен Жермен ги разочара своите приврзаници и одигра реми (1-1) на гостувањето кај Рен, со што патот на Лил кон титулата во Лига 1 е отворен и сезоната може да има голема сензација.

  • Извештај од натпреварот:

За ѕвездите од Париз овој натпревар може да се каже дека беше „да се биде или не“ во Лига 1. Не успеаја да слават, па догите кои се на врвот тријат раце и имаат отворен пат кон тронот, за првпат по сезоната 2010/11.

Гостите почнаа со притисок уште од самиот старт. Ерера имаше две добри шанси, ама против него застана голманот Алфред Гомис. Во 29. минута Рен постигна гол, ама беше поништен поради офсајд, па возбудувањата започнаа во екстра-времето пред крајот на првиот дел кога Агуер го фаулира Курзава во казнениот простор, а Нејмар од пенал го отвори резултатот.

На самиот старт на второто полувреме Дракслер имаше добра шанса која профуче крај десниот дирек, а потоа и Моисе Кин кој шутираше над пречката. Тоа им се одби од глава на фаворитите, затоа што во 70. минута Гирасу по еден корнер изедначи на 1-1. До финишот ПСЖ остана со играч помалку, Кимпембе поцрвене во 88. минута, а можеше и да загуби, но Кејлор Навас спречи славје на домашните во 91. минута.

Лил има три бода повеќе од ПСЖ на врвот, а до крајот на Лига 1 има уште две кола, во кои на Лил му се потребни четири бода за славје.