Стефан Ристовски, десниот бек на Македонија, со голем отпимизам говореше за следниот натпревар против Словенија, кој нашиот национален тим ќе го одигра на „Стожице“ во Љубљана. Играчот кој во минатото работеше со Кек, вели дека Македонија има добар тим и дека дошло време оваа генерација да направи нешто големо.