Во четвртфиналето на Купот на Хрватска, екипата на Ријека за која настапуваат нашите репрезентативци Стефан Ристовски и Леонард Жута, и во возвратниот меч на гостински терен ја совладаа екипата на Локомотива од Загреб со 1-0. Првиот меч заврши со 3-1 за Ријека и со вкупни 4-1, се пласира во полуфиналето.