Бразилскиот репрезентативец, Роберто Фирмино, ова лето најверојатно ќе го напушти клубот од „Енфилд“ и ќе ја заврши својата успешна осумгодиншна етапа во Ливерпул. Фирмино дојде во шесткратниот европски шампион во 2015 година и оттогаш забележа над 250 настапи за „црвените“, кои ги надополни со повеќе од 80 голови.