Фудбалерите на Џенова запишаа победа на гостувањето на Сардинија кај Каљари од 0-1 (0-1), со што успешно ја затворија сезоната во Серија А. За разлика од претходната, кога „грифоните“ се плашеа за опстанок во лигата до последното коло, оваа опстанокот си го обезбедија порано и одиграа растеретен натпревар.