Фудбалската репрезентација на Македонија покажа заби, одигра допадлив натпревар, но остана со празни раце против Австрија (1-3) на дебито на Европското првенство (ЕП). По дуелот, во име на националниот тим говореше капитенот Горан Пандев, кој жали затоа што фудбалерите не ги израдувале навивачите кои допатувале во Букурешт со победа.