Горан Пандев е блиску до потпис на нов едногодишен договор со Џенова. Македонскиот голгетер ќе ја одложи пензијата за наредното лето и ќе продолжи активно да се занимава со фудбал.
Најавите на италијанските медиуми од пред неколку дена денес добија потврда од Фабрицио Романо, новинар кој ретко греши кога во прашање се трансфери на фудбалери во Серија А.
Горан Пандев и неговата иднина се интересни за неколку италијански медиуми. Според нив, македонскиот фудбалер се подготвува за уште една финална сезона во својата клупска кариера.
Архитектот на најголемиот фудбалски успех во нашата историја, Игор Ангеловски и неговиот лидер Горан Пандев, денес беа на прием кај директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски.
Горан Пандев ги израдува фановите на Џенова со последната објава на социјалните мрежи. На фотографијата тој тренира и покажа дека е активен, пред да ја соопшти конечната одлука околу својата иднина.
Челниците на италијанската Серија А го извлекоа календарот за новата сезона 2021/22. Во изменет формат, во измешан распоред калчото ги дозна проектираните датуми за сите 38 кола. Сезоната стартува на 22 август, а последното коло се планира за 21 и 22 мај следната година.
Горан Пандев замина во репрезентативна пензија како еден од најдобрите репрезентативци на Македонија во историјата. Со најмногу настапи и гола зад своето име, како и историскиот погодок во Тбилиси кој ја однесе репрезентацијата на Европското првенство, 37-годишникот моментално е на заслужена пауза.
Репрезентацијата на Македонија го заврши настапот на првото Европско првенство по групната фаза, откако загуби од Австрија, Украина и Холандија. Сега, емоциите полека слегнуваат, а една интересна случка од Амстердам раскажа Бобан Николов.
Македонија го заокружи првиот настап на Европското првенство, а иако три пати загуби во групната фаза, самиот турнир беше големо искуство за репрезентацијата.
Името на Горан Пандев не престанува да кружи низ светските, но и балканските медиуми. Македонската легенда ја заокружи репрезентативната кариера со настап на едно големо натпреварување, Европското првенство 2020.
Горан Пандев остави неверојатна трага во македонскиот репрезентативен фудбал, како најдобар играч со најмногу голови и фудбалска величина. По настапот со Македонија на првото историско Европско првенство, фудбалерот на Џенова реши дека е време за веќе најавената репрезентативна пензија.
Откако вчера елитниот „Би-Би-Си“ го смести нашиот Езџан Алиоски во идеалниот тим од првата фаза на Европското првенство, денес, сега веќе поранешниот македонски капитен Горан Пандев се најде во изборот на најдобрите на холандскиот медиум „Нос Спортс“.
Горан Пандев и Игор Ангеловски за последен пат ја предводеа Македонија на теренот и од клупата во Амстердам, во третото коло од групната фаза на Европското првенство. За жал, капитенот и селекторот со пораз ги завршија авантурите под „црвено-жолтото“ знаме.
По настапите на историското прво Европско првенство, фудбалската селекција на Македонија, остана без капитен и селектор. Горан Пандев и Игор Ангеловски нема повеќе да ги гледаме на натпреварите на нашата најсилна фудбалска репрезентација