Еден од најдобрите македонски фудбалери, Горан Пандев, откако подолг период ја грееше клупата на тимот на Џенова, веќе во двата последни натпревари на италијанскиот клуб, Македонецот ги започнува од првата минута. На мечот против Емполи нашиот напаѓач се здоби со признанието играч на натпреварот, а на вчерашниот дуел против Торино повторно беше меѓу најдобрите, откако врз него беше и направен пенал.