Давиде Балардини реши да зборува по поразот на Џенова од Наполи (1-2). Горан Пандев успеа да постигне погодок за „грифоните“, но истиот беше поништен поради прекршок Букс, кој во најмала рака беше спорен. Предводникот на Џенова, се осврна токму на голот, за кој смета дека е регуларен, а изнесе и интересен момент.