Македонскиот фудбалски репрезентативец, Тихомир Костадинов во новата година ќе има нов предизвик, затоа што оваа зима реши да ги менува клупските бои. По пет години го напушти Ружомберок и во иднина ќе го носи дресот на Пјаст Гливице, клуб од Полска, со кој потпиша договор од три и пол години.