Реал Мадрид и во вториот осминафинален дуел против Рома успеа да извојува победа од 2-0 (0-0), со што обезбеди четвртфинале во овогодишното издание на Лигата на Шампионите. Мадридскиот тим беше далеку поконкретен на вечерашниот меч, иако во првите 45. минути фудбалерите на Рома, Џеко и Салах пропуштија изгледни шанси за гол. Тоа го казнија Роналдо и Родригез претворувајќи ги своите шанси во гол во 64. и 68. минута од натпреварот. По вечерашниот дуел капитенот на Рома, Алесандро Флоренци изјави дека е многу тажен од елиминацијата на неговата екипа, но во исто време е и задоволен од тоа како тој и неговите колеги го одиграа натпреварот: