Кристијано Роналдо не отпатува на турнејата на Манчестер Јунајтед во Азија и Австралија, па бројни странски медиуми тоа го окарактеризираа како крај на втората ера на португалскиот ас на „Олд Трафорд“. Во последниот период се шпекулира за евентуален интерес од бројни клубови за услугите на Роналдо, но засега нема ниту една официјална понуда.