По затворањето на преодниот рок минатиот четврток, шпекулациите околу иднината на Кристијано Роналдо конечно престанаа. Тој ќе остане на „Олд Трафорд“, барем до јануари, а Ерик Тен Хаг во пресрет на дербито со Арсенал кажа дека ниту еден фудбалер на Јунајтед нема да добие гаранции, па макар тој бил и петкратниот добитник на „Златната топка“.