Селекторот на португалската репрезентација Фернандо Сантош призна дека е загрижен за статусот на Кристијано Роналдо во Манчестер Јунајтед. Еден од најдобрите фудбалери во историјата имаше проблем со менаџерот Ерик Тен Хаг, но впечаток е дека страстите се смирија, што му годи и на Сантош во пресрет на Мундијалот во Катар.