Кристијано Роналдо, еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, важи за една од легендите на Манчестер Јунајтед и фудбалер кој што е идол и миленик на милиони фанови на „ѓаволите“. Но, по синоќешната објава на дел од интервјуто во емисијата „Без Цензура“ на Пирс Морган, португалскиот ас дефинитивно си создаде и многу непријатели кај најтрофејниот англиски клуб и скоро сигурно за него нема да има повеќе место на „Олд Трафорд“.