Фудбалерите на Арсенал успеаја да поведат во дербито против Манчестер Јунајтед по само три минути игра. Нуно Тавареш искористи подарок на противничката одбрана, по што „топџиите“ ги израдуваа домашните фанови во еден од клучните натпревари во сезоната.