• Горан Упале

Фудбалерите на Реал Мадрид, иако успеаја да го вратат трофејот од Примера на „Сантијаго Бернабеу“ и се пласираа во финалето на Лигата на шампионите, не застануваат со фантастичните настапи и вечерва запишаа нова убедлива победа.
Момците на Карло Анчелоти одиграа „кралска“ партија против Леванте и на своите фанови им приредија ново уживање и триумф од 6-0 (4-0). Со овој пораз Леванте ги загуби и последните шанси за опстанок во Примера и во следната сезона ќе го гледаме во второто по ранг натпреварување во Шпанија.
- Извештај од натпреварот:
Фантастичната партија „кралевите“ ја отворија со погодок на Менди уште во 13. минута, а веднаш потоа на 2-0 зголеми Бензема. Во 34. минута Родриго погоди за 3-0, по што гостинскиот стратег Алесио Лиши се реши за двојна замена и во игра во внесе македонскиот репрезентативец Енис Барди.
Но, ниту тоа не донесе резлутат, затоа што домашните фудбалери продолжија во ист стил и со трите погодоци на Винициус стигнаа до убедлива победа од 6-0.
До крајот на шампионатот Реал Мадрид го чекаат уште два натпревари, а следниот го игра в недела на гости кај Кадиз.