ВИДЕО: Леванте го среди Рен, Барди доби половина час

Леванте

Енис Барди неодамна им се врати на тренинзите со екипата на Леванте, а денес беше дел од дуелот против Рен (1-3).

Шпанскиот прволигаш победи на рутински начин. Постигна три гола, а потоа дозволи еден гол за утех на ривалот.

Отвори Солдадо уште во првата минута, а потоа Де Фрутос зголеми на 0-2. Пред паузата одличното полувреме го потврди Моралес за висока предност на Леванте. Таит во 56. минута се погрижи Рен да го напушти теренот барем со еден постигнат погодок.

Барди доби половина час игра на денешната средба која донесе убедлив триумф на неговиот тим.