ВИДЕО: Лестер потфрли во Варшава, дебакл на Фенер против Олимпијакос

Фудбалерите на Лестер Сити ќе почекаат на првата победа во новата сезона на Лигата на Европа, откако по ремито на стартот со Наполи (2-2), вечерва им приредија големо разочарување на своите фанови и загубија од Легија Варшава со минимални 1-0.

  • Легија - Лестер Сити 1-0: 

Англискиот тим важеше за голем фаворит за гостувањето во Полска, ама одново потфрли на меѓународна сцена и со празни раце се враќа дома. Момците на Брендан Роџерс ја имаа контролата врз играта и топката во своите нозе, но немаа идеја во клучните моменти и само двапати посериозно се заканија пред противничкиот гол, додека на спротивната страна Легија погоди од единствената изгледна прилика за погодок и преку Емрели стигнаа до голема победа во групата Ц.

Во рамки од оваа група, вечерва изненади и Спартак Москва, која што на гости преку пресврт славеше над Наполи со 2-3, иако италијанскиот гигант со голот на Елмас имаше водство од 1-0.

Дебакл на свој терен доживеа и тимот на Фенербахче кој убедливо загуби од Олимпијакос. Грчкиот тим одигра перфектно и со головите на Соареш и Масоурас (2) се избори за голема победа од 0-3.

  • Фенербахче - Олимпијакос 0-3: 

Прва победа во оваа група забележа германски Ајнтрахт Франкфурт, откако на гости со 0-1 славеше над Антверпен, а стрелец на единствениот гол беше Пасиенсиа во 91. минута. 

  • Антверпен - Ајнтрахт Франкфурт 0-1: 

Без победник заврши дербито меѓу Реал Сосиедад и Монако (1-1), додека Глазгов Ренџерс на Стивен Џерард загуби на гости од Спартак Прага (1-0).

  • Реал Сосиедад - Монако 1-1: 

  • Спарта Прага - Глазгов Ренџерс 1-0: 

Преостанатите натпревари од второто коло од групната фаза на Лига Европа се играат вечерва, во терминот од 21:00 часот. 

Состави

Marek Golebiewski

4-4-2

    Brendan Rodgers

    4-4-2