Легендата рече крај: Горан Пандев замина во фудбалска пензија!

Македонската фудбалска легенда, Горан Пандев и официјално замина во играчка пензија! Популарниот „Гранде Пандев“ ова го соопшти во интервјуто за „Газета дело Спорт“, во кое потврди дека повеќе не размислува за играње фудбал, но најави дека ќе остане во најважната споредна работа на светот.

„После цели дваесет години, време е за крај. Мојот највозрасен син има речиси тринаесет години, во минатото го гледав само за време на паузите од една за друга сезона. Сега сакам да му посветам повеќе внимание на семејството, но тоа не значи дека ќе се оддалечам од фудбалот, бидејќи јас не знам да правам ништо друго.

Цело лето не размислував за фудбал и дојде до опуштање. Јадете повеќе, а тренирате помалку. Со тоа имам неколку килограми повеќе, а на 39 години станува се потешко“, рече Пандев.

Поранешниот капитен на македонската репрезентација во својата богата кариера остави голем траг во бројни европски клубови, пред сè италијански, а во иднина се гледа како директор или спортски агент.

„Сакам да работам со млади луѓе и да им помагам, да разговарам со нив и да ги гледам нивните натпревари. Затоа во иднина повеќе се гледам како директор или спортски агент. За крај, сакам да кажаме едно големо багодарам на сите. На сите мои тренери, на сите претседатели, на сите навивачи“, додаде Пандев.

На 39-годишниот Пандев последен клуб во кариерата му е италијанска Парма, каде што настапи во пролетниот дел од минатата сезона.

Пандев својата кариера ја започна во Беласица. За првиот тим на струмичани одигра само една сезона, по што во летото 2001 година, на само осумнаесет години, заминува во Италија и потпиша за гигантот Интер, останатото е историја. 

По Интер, каде што не се најде најдобро и беше праѓан на повеќе позајмици, во 2004 година се сели во Лацио, каде блеснува со своите игри и во шестте сезони постигна преку педесет гола во сите натпреварување. Одличните партии во Рим го натера раководството на Интер да го врати Пандев на „Џузепе Меаца“, а тоа се покажа како вистински потег. Во 2010 година Пандев беше дел од историскиот тим на „нероазурите“ и ја освои Лигата на шампионите. Покрај тоа тогашната чета на Жозе Мурињо беше шампион во Серија А и го освои Купот на Италија. 

По новото „раскинување“ со Интер, Пандев остана во Италија и го засили Наполи, каде се задржа три сезони. Потоа следуваше едногодишна авантура во Турција, во дресот на Галатасарај, и враќање на Апенините. Од 2015 до 2022 година ги бранеше боите на Џенова, а последните шест месеци од кариерата ги мина во Парма.

За најдобрата македонска репрезентација запиша 122 натпревари и со 38 гола е прв стрелец на вечната листа. Дебитираше во далечната 2002, а токму под негово водство како капитен Македонија се избори за историски пласман на едно Eвропско првенство. Тој го постигна погодокот вреден виза за континенталниот собир, а потоа и дебитантскиот гол на Македонија на тоа Европско првенство.