Легендата донесе конечна одлука: По 18 сезони Кјелини го напушта Јуве

По единаесет години торински Јувентус за првпат не успеа да освои без барем еден трофеј во сезона, откако во големото финале во Купот на Италија беше поразен од Интер со 2-4.  

Легендарниот Џорџо Кјелини за првпат по една деценија остана без трофеј, а искусниот 37-годишен дефанзивец по поразот од Интер објави дека си заминува од Јуве по осумнаесет години минати во клубот.

„Ќе се збогувам на нашиот стадион в понеделник, но можеби ќе одиграм уште некоја минута во Фиренца. Заминувањето е 100% мој избор. Го напуштам клубот мирен и среќен“, изјави Кјелини по натпреварот.

Кјелини стана член на Јувентус во 2004 година. Тој пристигна од Ливорно, а потоа беше префрлен на позајмица во Фиорентина. По враќањето во Торино стана икона на клубот и човек без кој „бјанконерите“ не можеа. Џорзо беше и капитен на клубот, а вкупно за „старата дама“ забележа 558 настапи и постигна 36 гола.

Состави

Масимилијано Алегри

5-3-2

    Симоне Инзаги

    4-3-3