• Горан Упале

Човекот кој со Лестер Сити испиша историја и ја освои Премиер лигата, Клаудио Раниери е можен нов предводник на Спортинг Лисабон, каде настапува нашиот репрезентативец Стефан Ристовски.
Лисабонскиот гигант се соочува со нови претседателски избори и доколку довербата ја добие Мадеира Родригеш, најверојатно негов прв потег ќе биде доведување на нов тренер.
Денес, португалските медиуми пишуваат дека токму Раниери е најголем фаворит за преземање на кормилото на тимот, а големи се шансите да биде ангажиран и легендарниот Џон Тери, кој по завршувањето на ланската сезона во дресот на Астон Вила, сè уште е без клуб.
Моментално, Раниери е без ангажман, по неочекуваното напуштање на тренерското столче на Нант, на крајот на ланската сезона.