ЛЕ ждрепка: Елмас налета на Барса, Динамо со Севиља, Николов против Брага

ЛЕ

Денес се одржа ждрепката за плеј-оф натпреварите во Лига Европа во седиштето на УЕФА во Нион. Извлечени беа осум парови, а победниците од овие натпревари ќе им се приклучат на освојувачите на првите места во групите.

Во оваа фаза од второто по ранг натпреварување на УЕФА, ќе се судрат второпласираните екипи од групната фаза на Лига Европа и третопласираните од групната фаза од Лигата на шампионите.

Ељиф Елмас и неговиот Наполи ќе играат мега-дуел со Барселона, Аријан Адеми и Стефан Ристовски се соочуваат со шпанска Севиља, додека Бобан Николов и изненадувањето Шериф од Лигата на шампионите ги чека двомеч со португалска Брага.

Плеј-оф фаза na Лига Европа:

  • Севиља - Динамо Загреб
  • Аталанта - Олимпијакос
  • РБ Лајпциг - Реал Сосиедад
  • Барселона - Наполи
  • Зенит - Бетис
  • Борусија Дортмунд - Ренџерс 
  • Шериф Тираспол - Брага 
  • Порто - Лацио

Првите мечеви се закажани на 17 февруари, а реваншите ќе се одиграат една недела подоцна.