ЛЕ 1/16-финале: Јунајтед, Рома, ПСВ, против големците од елитата!

По комплетирањето на групната фаза во Лигата на Европа, познати се патниците во првата нокаут-рунда, тоа е 1/16-финалето од второрангираното натпреварување под капата на УЕФА.

Први на сцена ќе стапат вторите екипи од групите, кои вкрстуваат со оние кои доаѓаат од Лигата на шампионите. Оваа фаза може да донесе многу интересни дуели затоа што во ЛЕ втори завршија Манчестер Јунајтед, Рома и ПСВ Ајндховен, а од елитата доаѓаат имиња како Јувентус, Барселона, Севиља, Ајакс...

ШЕШИР 1: Ајакс, Леверкузен, Барселона, Спортинг, Салцбург, Шахтјор, Севиља, Јувентус

ШЕШИР 2: ПСВ Ајндховен, Рен, Рома, Унион Берлин, Манчестер Јунајтед, Мидтјиланд, Нант, Монако

При ждрепката ќе има протекции, не може да играат две екипи од иста земја во оваа фаза. Ждрепката е во понеделник од 13:00 часот. Првите дуели се закажани на 16 февруари, реваншите се на 23 февруари.

Победниците од овие двомечи патуваат во осминафиналето каде чекаат Арсенал, Фенербахче, Бетис, Унион СЖ, Реал Сосиедад, Феенорд, Фрајбург и Ференцварош.