Лапорта по поразот на Барса од Баерн: Го очекувавме ова, ве молам бидете трпеливи

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта одлучи да им се обрати на јавноста и фановите по поразот од Баерн Минхен во првото коло од Лига на шампиони.

Каталонците беа надиграни од германскиот шампион и загубија со убедливи 0-3 на нивниот „Камп Ноу“, а повеќето од навивачите беа повредени од фактот што нивниот тим играше на таков начин што не успеа да упати ниту еден удар кон голот на противникот.

„Јас сум исто толку разочаран како и вие. Морам да ви кажам што се случува, ова е една од ситуациите што ја очекувавме. И ве молиме, бидете трпеливи и продолжете да го поддржувате нашиот тим.

Исто така, ве замолувам да имате доверба во луѓето што го водат нашиот клуб. Потребна ни е вашата доверба и време, нема сомнение дека ќе го решиме и овој проблем. Ви благодарам многу, да живее Барселона“, рече Лапорта.

Во Примера, пак, Барселона одигра три кола, на кои забележа две победи и едно реми.

Состави

Роналд Куман

4-4-2

    Јулијан Нагелсман

    4-4-2