ВИДЕО: Лапорт го растажи Саутемптон, Сити со прв кикс по три месеци

Лапорт

Серијата од дванаесет победи во низа на Манчестер Сити застана на денешното гостување кај Саутемптон (1-1) во 23. коло од Премиер лигата. Гвардиола предупредуваше на енергијата и интензитетот на „светците“ и во првото полувреме шампионот беше надигран на теренот на Саутемптон. Сепак, Сити има безброј ресурси и попрекин стигна до реми, а потоа имаше повеќе шанси за победа. 

  • Извештај од натпреварот:

По седум минути домашната публика имаше причина за радост. Нејтан Редмонд беше несебичен и одлично му асистира на Кајл Вокер-Петерс за почетна предност. Тоа ги изенади фудбалерите на Пеп Гвардиола, кои сепак продолжија со својот препознатлив стил на игра до крајот на полувремето.

Домашната одбрана одолеваше долго време и конечно капитулира во 65. минута. Дефанзивецот Ајмерик Лапорт скокна највисоко по еден слободен удар и израмни. Тоа дополнително го зголеми притисокот на „граѓаните“ до крајот на мечот. Саутемптон со сите сили се постави пред својот голман и ги одби сите обиди на големиот фаворит. Најзрелата шанса на гостите ја имаше Де Брујне кој ја здрма стативата од голот на домашната екипа.

Сити остана лидер со дванаесет бода пред Ливерпул, но и два меча повеќе. „Светците“ останаа во средниот дел од табелата, со десет бода повеќе од тимовите во опасната зона за испаѓање.

Состави

Ралф Хасенхутл

4-4-2

    Пеп Гвардиола

    4-2-3-1