Кулибали одговори на зборовите на Де Лаурентис за фудбалери од Африка

Првиот човек на Наполи, Аурелио Де Лаурентис ги разлути африканските фудбалери, откако во своја изјава кажа дека повеќе не сака да ангажира играчи од овој континент. Како причина наведе дека тој се чувствува како идиот, бидејќи среде сезона Африканците заминуваат за репрезентативни обврски како Африканскиот Куп на нации. 

<<< - ПОВРЗАНО - Де Лаурентис: Нема повеќе место за Африканци во Наполи, ние сме идиоти...

Оваа изјава предизвика многу реакции во текот на денот, а еден од тие кои реагираа е и довчерашниот тимски колега на Ељиф Елмас, Калиду Кулибали. Сенегалецот нагласи дека претседателот мора да има повеќе респект кон фудбалерите и селекциите од Африка. 

„Не можете така да зборувате за африканските национални тимови. Мора да покажете респект, каков што уживаат и репрезентациите од Европа“, кажа дефанзивецот. 

Кулибали тукушто замина од Наполи, се пресели во Челзи за сума од 38 милиони евра и повеќе не е дел на „партенопеите“.