• Сашо Поповски

Португалската гол-машина, Кристијано Роналдо вечерва ќе ги одигра првите минути во новата сезона од Лигата на Шампионите. Со неговото деби против Осасуна, Португалецот најави дека повредата од финалето на Европското првенство е веќе минато.
Денес, Реал Мадрид ќе ја пречека поранешната екипа на Роналдо, Спортинг од Лисабон. И одново португалскиот фудбалер си постави предизвик пред стартот на европското натпреварување - двоцифрен број на голови во петта последователна сезона во Европа.
Cristiano, 5 times #UCL... has a new challenge.
07/08 - 8
12/13 - 12
13/14 - 17
14/15 - 10
15/16 - 16
16/17 - pic.twitter.com/sYHKzsWVZs— LaLiga (@LaLigaEN) September 14, 2016
Кристијано ја одржува предноста пред Лионел Меси на вечната листа на стрелци во Лигата на шампионите. Со вчерашниот хет-трик на Аргентинецот сега има 86, а предноста се стопи на седум гола.