• Иван Димовски

Кристијано Роналдо ќе заигра за „Ол-стар“ тимот составен од Ал Наср и Ал Хилал, кој на 19 јануари ќе се судри со Пари Сен Жермен.
Португалската ѕвезда поради суспензијата која ја доби во Англија, не може да дебитира за Ал Наср. Роналдо сепак, ќе заигра за „Ол-стар“ тимот на двете саудијски екипи против парижани.
Медиумите во Саудиска Арабија објавија дека Роналдо ќе биде капитен на тимот. Тоа значи дека Роналдо ќе се судри со Лионел Меси во овој ревијален натпревар. Парижани оваа седмица ќе бидат во Саудиска Арабија, па ќе го одиграат пријателскиот меч со Саудијците.