Кристијано: Љубовта кон Јунајтед ми е вечна, но време е за нешто ново!

Роналдо

Кристијано Роналдо неславно ја заврши втората авантура во Манчестер Јунајтед. По интервјуто во кое го нападна клубот, челниците, тренерот и клупските легенди, „ѓаволите“ решија спогодбено да го раскинат договорот со Португалецот.

Еден од најдобрите светски фудбалери сега е слободен. Даде кратка изјава на темата раскинот на договорот и кажа дека неговата љубов кон Манчестер Јунајтед никогаш нема да се смени, ама време е за нов предизвик.

„По разговорите со Манчестер Јунајтед, заедно одлучивме да го раскинеме договорот. Го сакам Манчестер Јунајтед и ги сакам навивачите, таа љубов никогаш нема да се промени. Но, чувствувам дека е време да си побарам нов предизвик. А на Манчестер Јунајтед му посакувам се најдобро“, изјави Роналдо.

Напаѓачот моментално е на Светското првенство во Катар, а таму од сите играчи тој е единствениот играч без ангажман.