Кристал Палас се засили со талентиран офанзвиец од Дерби

Талентираниот крилен напаѓач Малколм Ебиовеј на први јули ќе потпише петгодишен договор со Кристал Палас.

18-годишниот тинејџер во Премиер лигата доаѓа од Дерби Каунти како слободен играч. Тој своето деби за првиот тим на „овните“ го имаше во февруари и оттогаш забележа шеснаесет натпревари во Чемпионшип.

„Благодарен сум на сите во Дерби што ми дадоа шанса да напредувам. Сепак, поради сè што се случи, ми беше многу важно што поскоро да ја осигурам фудбалската иднина во наредниот период. Мислам дека Кристал Палас е вистинскиот избор“, рече Ебиовеј.

Ебиовеј настапуваше за помладите селекции на Холандија и Англија, а првиот човек на Кристал Палас, Стив Периш и менаџерот Патик Виера веруваат дек младиот ас ќе биде големо засилување за тимот.