• Сашо Поповски

Кратко траеше радоста на Глазгов Ренџерс, бидејќи Ајнтрахт Франкфурт многу брзо се врати во финалето во Лига Европа.
Предноста беше на страна на шкотскиот претставник по голот на Џо Арибо. Се играше 70. минута кога Рафаел Боре ја врати неизвесноста во натпреварот и погоди за 1-1.
- Голот на Рафаел Боре против Глазгов Ренџерс:
Финалето влегува во самата завршница и се очекува да донесе неизвесно надигрување.