ВИДЕО: „Кралевите“ разочараа пред својата публика и ремизираа со Реал Сосиедад

Во главна улога на голманите, дербито на колото во Примера меѓу Реал Мадрид и Реал Сосиедад заврши без голови (0-0). Особено расположен беше чуварот на мрежата на гостите од Сан Себастијан, Алекс Ремиро, кој забележа седум интервенции. На спротивната страна, пак, одличен беше и Тибо Куртоа.

Натпреварот на „Сантијаго Бернабеу“ беше полн со возбудувања, како што доликува на дербито од 19. коло, но на незадоволство на домашните фанови заврши без голови.

  • Извештај од натпреварот: 

„Кралевите“ имаа иницијатива речиси во текот на целиот натпреварот и почесто се играше пред голот на Реал Сосиедад, но без ефект. Најголемите шанси во Мадрид ги имаа Винициус и Родриго, а неколку закани испрати и Карим Бензема. Натпреварот на „Сантијаго Бернабеу“ го одбележа тешката повреда на гостинскиот фудбалер Артиз Елустондо, кој во 66. минута беше приморан предвреме да се упати кон соблекувалната.

Со ова реми Реал Мадрид останува на второто место на табелата со 42 бода, пет помалку од лидерот Барселона. Реал Сосиедад ја прекина победничката серија и се наоѓа на третото место на табелата со 39 бода, но и натпревар повеќе од Барселона и Реал.

Состави

Карло Анчелоти

4-3-3

    Imanol Alguacil

    4-4-2