Крај на неверојатната серија, Вилијамс по 251 меч во низа не настапи за Билбао

Фудбалската вест на денот во Шпанија не е некое изненадување или пак спектакуларен гол, туку дека Ињаки Вилијамс нема да настапи на натпреварот на Атлетик Билбао против Селта.

Фудбалските фанатици често го издвојуваа Инаки Вилијамс (28), првотимецот на Атлетик Билбао, како позитивен пример за лојалност кон клубот. И тоа со причина, бидејќи во претходните шест години овој играч не пропуштил ниту еден од претходните 251 натпревар на својот клуб.

Но, на сè му доаѓа крајот, па така и на оваа неверојатна серија. Вилијамс поради повреда на мускулот не можеше да им помогне на соиграчите на дуелот против Селта.

Последен пат Вилијамс пропушти натпревар на Атлетик на 7 април 2016 година против Малага. Оттогаш, па сè до дуелот со Селта, на Вилијамс не му пречеа полесните повреди, ниту пак акумулираше жолти картони кои ќе донесат автоматска суспензија.

Состави

Carlos Carvalhal

4-4-2

    Ernesto Valverde

    4-2-3-1