Конте спрема одмазда за „ранетиот“ Челзи

Не така одамна, пред нешто повеќе од три недели, Челзи со право го носеше епитетот кандидат за титулата, но крајот на 2021 година и почетокот на 2022 година донесоа агонија кај навивачите на „сините“. Започна со реми со Брајтон, продолжи со поделба на бодовите со Ливерпул (иако не беше лош резултат), а потоа со пораз од Манчестер Сити, до ново реми со тимот на Греам Потер. Челзи, значи, освои само три од можните 12 бода и даде повод да се престане со приказните за претендент за трофејот и да се родат оние кои го категоризираат како тим што ќе се бори само за пласман во Лигата на шампионите.

Сите квоти во Mozzart за натпреварот меѓу Челзи и Тотенхем

По четири првенствени натпревари без победа, од Челзи веќе никој не се плаши и ситуацијата во неговиот табор не е воопшто пријатна - на хартија третопласираниот тим на Томас Тухел и понатаму има солидна бодовна залиха во однос на најблиските ривали Вест Хем и Арсенал, но само навидум, затоа што одигра неколку натпревари повеќе. Тој има значителен бодовен плус во однос на Тотенхем, но со дури четири меча повеќе, а доколку киксне на неделното лондонско дерби на „Стемфорд Бриџ“, би ја продлабочил кризата и би му дозволил на градскиот ривал уште повеќе да се доближи.

Квоти за останатите натпревари во Премиер лигата

Челзи лесно го победи Тотенхем на гости во првиот дел од сезоната со головите на Тиаго Силва, Енголо Канте и Антонио Ридигер, но климата пред овој натпревар е сосема поинаква, особено што „петлите“ од доаѓањето на Антонио Конте во ноември врзаа девет првенствени натпревари без пораз (шест победи). Како поранешен тренер на Челзи со чие раководство своевремено се раздели со нималку пријателски односи, Италијанецот ќе има дополнителен мотив да ги фрли „сините“ на колена и да ја продолжи серијата на непобедливост на својот тим.