ВИДЕО: Конечно задоволство на „Емирати“, Вила немоќна против разиграните момци на Артета

Англискиот фудбалски гигант Арсенал, по пауза од две децении е без меѓународни обврски, па затоа оваа сезона за бодови во Премиер лигата се бори и во петок. На отворањето на деветтото коло, „топџиите“ покажаа сила против незгодната Астон Вила и со 3-1 (2-0) им се вратија на победите во англиската елита, по двете реми средби против Брајтон и Кристал Палас.

  • Извештај од натпреварот:

Момците на Микел Артета не дозволија ново разочарување за своите фанови и уште од самиот старт на натпреварот пристапија сериозно и по големата шанса на Сака, поранешниот ас на Атлетико Мадрид, Томас Парти со глава ја погоди целта и донесе водство за својот тим од 1-0.

Неколку минути по голот на фудбалерот од Гана, младиот англиски репрезентативец одново беше во центарот на вниманието и пак не погоди, но затоа, во самиот финиш од првиот дел капитенот Обамејанг по одбиената топка од пенал (Мартинез го одбрани неговиот прв удар) се погрижи за комотни 2-0 за Арсенал на полувреме. 

Стартот од вториот дел не донесе атрактивен и отворен фудбал, па од првата посериозна шанса Смит-Роу стави точка на натпреварот,. До последниот судиски свиреж, Астон Вила успеа да го ублажи поразот, откако конечните 3-1 ги постави Ремзи во 82. минута.

Во следното коло Арсенал го игра дербито со Лестер Сити, додека Астон Вила на свој терен ќе го пречека тимот на Вест Хем.

Состави

Микел Артета

4-2-3-1

    Стивен Џерард

    3-4-1-2