• Горан Упале

Белгискиот фудбалер Алберт Самби Локонга е нов играч на Арсенал, денес потврди лондонскиот клуб.
Како што пишува во соопштението на клубот, 21-годишниот играч за врска потпишал повеќегодишен договор. Младиот белгиски репрезентативец во Арсенал пристигна од редовите на Андерлехт, кој од овој трансфер ќе инкасира 17.500.000 евра.
„Алберт е многу интелигентен играч кој покажа голема зрелост во досегашните игри. Го тренираа Компани и неговиот тим во Андерлехт. Јас многу добро го познавам Винсент, тој ми кажа сè најдобро за Алберт. Сигурни сме дека Алберт е подготвен за следната фаза од кариерата и со нетрпение го очекуваме неговото доаѓање“, изјави менаџерот Микел Артета.
Ready to go in 21/22
— Arsenal (@Arsenal) July 19, 2021
Самби е второто лето засилување на Арсенал, откако претходно во Лондон пристигна левиот бек Таварес.
Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.