ВИДЕО: Кој од кој поубав – голот на вечерта го постигна Ристовски или Инсиње?

Македонскиот репрезентативец, Стефан Ристовски, вечерва на дуелот против Шпанија постига супер атрактивен гол, но дефинитивно потегот на вечерта е дело на Лоренцо Инсиње

Селекцијата на Италија која во квалификациите за СП во Русија е во иста група со нашата репрезентација вечерва славеше убедлива победа над Лихтенштајн од 5-0, а голгетерот на Наполи го отвори резултатот. Во самиот финиш на првото полувреме Инсиње прими незгодна топка од Спинацола, но на мајсторски начин успеа да ја исконтролира, да си ја намести на десна нога и веднаш да распали за почетно водство на Италијанците. 

Во продолжение погледнете ги двата прекрасни погодоци на Ристовски и Инсиње и одлучете само кој е поубав. 

  • Стефан Ристовски против Шпанија

  • Лоренцо Инсиње против Лихтенштајн