Клубот ја прифати оставката, Васоски и официјално се раздели со Сараево

Екипата на Сараево повторно ги разочара своите фанови, откако на свој терен ремизираше во големото градско дерби со Железничар, со резултат 1-1.

По завршувањето на дуелот, македонскиот стратег Александар Васоски, ја презеде одговорноста за ремито, но и за лошите резулати во последниот период и си поднесе оставка. Поранешниот македонски репрезентативец не ги постигна резултатите што се очекуваа од него на клупата на Сараево, па реши дека е време да си замине.

Управниот одбор на Сараево, на чело со претседателот Исмир Мирвиќ, експресно донесе одлука да ја прифати оставката на македонскиот стручњак и му се заблагодари на соработката. Покрај Васоски, клубот го напуштаат и неговите соработници Раденко Бојовиќ и Михајло Костиќ.

Александар Васоски, покрај во Сараево и Академија Пандев, работеше уште во тимот на Вардар.