Клоп одлучи: Мињоле, Ориги и Ингс го напуштаат „Енфилд Роуд“

Според пишувањата на британските медиуми, менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп скоро сигурно им ја покажал излезната врата од „Енфилд Роуд“ на најмалку тројца играчи. Меѓу нив се Симон Мињоле, Дивок Ориги и Дени Ингс.

За белгискот голман најзаинтересирани се тимовите на Наполи и Бешикташ, а неговата трансфер вредност е околу 10 милиони евра.  Дани Инс би требало да остане на Островот, а во прв ред за неговиот потпис се тимовите на Лестер, Кристал Палас и Њукасл.

Највреден од сите е Белгиецот Дивок Ориги, кој е проценет на нешто повеќе од 27 милиони евра, но не успеа да се наметне кај Клоп и поради тоа ќе биде продаден. Тој минатата сезона, како позајмен играч, насапуваше во Волфсбург, но и таму не успеа да се наметне и поради тоа нема и некоја голема заинтересираност за неговите услуги.