Клоп: Не заслуживме повеќе од бод кај Фулам

Клоп

Ливерпул ја започна новата сезона во Премиер лигата со реми на гостувањето кај Фулам. Тоа не е резултатот кој Јирген Клоп го очекуваше, но неговата екипа наиде на расположен Александар Митровиќ, кој постигна два гола.

По мечот германскиот тренер објасни што се случи и како течеше мечот во неговите очи.

„На почетокот ставот не ни беше како што треба, а потоа сакавме да возвратиме, но веќе не беше лесно. Резултатот е во ред, мислам дека не заслуживме повеќе од бод, но нашата игра може многу да се подобри. Им овозможивме да ја играат својата игра и тоа нè чинеше позитивен резултат“, рече Клоп.

Во следното коло Ливерпул ќе има можност за поправен на домашен терен, кога ќе го пречека Кристал Палас на Патрик Виеира.