ВИДЕО: Клоп го налути Артета, Ливерпул му одржа фудбалска лекција на Арсенал!

Фудбалерите на Ливерпул му одржаа фудбалска лекција на Арсенал и со огромни 4-0 (1-0) го декласираа гостинот на „Енфилд“. Избраниците на Артета немаа пораз на осум натпревари во Премиер лигата во низа, но денес во Ливерпул беа сосема друга екипа. „Црвените“ ги казнија сите грешки, ги искористија сите пукнатини во одбраната и ја „наполнија“ мрежата на Ремсдејл. 

Иако многумина не се сложија со доделувањето на огромна фаворитска улога за Ливерпул пред дербито, Салах и другарите покажаа дека во моментов се една од најрасположените екипи во Европа. Првите „возбудувања“ се случија при еден вербален дуел на двата менаџери, откако Клоп го разлути Артета по еден дуел на Мане и Томијасу.

<<< - ПОВРЗАНО - ВИДЕО: Тензии, расправија и пцовки на дербито – Клоп го „полуде“ Артета

Мрежите на „Енфилд“ долго мируваа, Ливерпул беше подобар и поконкретен и се закануваше преку Мане, Салах и Арнолд, додека за Арсенал единствената полушанса ја имаше Сака. Пред полувремето резултатот го отвори Садио Мане, откако со глава погоди по центаршут на Александер-Арнолд за 1-0 во 39. минута. 

По паузата Ливерпул не чекаше долго на втор погодок, бидејќи подарокот од Нуно Тавереш кој му подаде на сонародникот Диого Жота беше претворен во гол за 2-0 во 52. минута. Арсенал дополнително се отвори, мораше да нападне и остави повеќе простор во дефанзивата. 

Следеше „блиц-крик“ на Ливерпул и два гола за две минути. Мохамед Салах во 75. минута со погодок круниса една школска акција и по асистенција од Мане погоди во празната мрежа. Само две минути подоцна својот првенец сезонава го запиша Такуми Минамино, кој по добро проигрување од Арнолд стрелаше за конечни 4-0.

  • Извештај од натпреварот: 

Ливерпул сè уште заостанува зад лидерот Челзи со четири бода, а Арсенал направи чекор назад во битката за првите четири места во Премиер лигата.

Состави

Јирген Клоп

4-3-3

    Микел Артета

    4-4-1-1