Клоп: Дуелот со Милан ќе биде тежок, тие играат одлична сезона

Клоп Милан

Милан ќе биде гостин на „Енфилд“ и против Ливерпул ќе ја отвори сезоната во Лигата на шампионите.

Домашниот тим е благ фаворит за освојување на бодовите. Јирген Клоп сепак очекува тежок дуел со италијанскиот гигант.

„Милан веќе неколку години не игра во Лигата на шампионите. Имаа брилијантна сезона и ја започнаа тековната навистина добро. Ќе биде тежок натпревар за двете екипи. Ќе има неколку добри натпревари во ова коло, и ова е еден од нив.

Играме во тешка група. Атлетико Мадрид, Порто, кој претежно е шампион на Португалија, а тука е и Милан, еден од најголемите клубови во Европа, ова е вистинска група од Лигата на шампионите“, смета Германецот.

И двете екипи се наоѓаат во одлична форма, што значи дека неизвесноста нема да недостасува на дуело во Англија.