• Сашо Поповски

Јирген Клоп испрати честитки до Манчестер Сити за добиената битка во Премиер лигата.
Неговиот голем ривал Пеп Гвардиола направи клучна замена и во игра го внесе Илкај Гундоган, кој режираше пресврт против Астонн Вила. Тоа беше доволно за „граѓаните“ да ја одбранат титулата од ланската сезона.
„Честитки до Манчестер Сити и Пеп Гвардиола. Благодарност до Астон Вила и Вулверхемптон кои одиграа сериозни натпревари. Сакавме да се радуваме, но тоа е што е. Направивме сè што е во нашите можности, момците го дадоа максимумот. Бевме рамо до рамо до самиот крај со најдобриот тим на светот. Тоа ме прави исклучително среќен“, изјави Германецот.
Ливерпул веднаш ќе ги започне подготовките за финалето во Лигата на шампионите. Дуелот против Реал Мадрид за европската круна е закажан на 28 мај во Париз.