Клоп: Арсенал е одличен тим, ама имаше и многу среќа

Јирген Клоп, менаџерот на Ливерпул, испрати пофалби за тимот на Арсенал, но се надева дека неговиот тим ќе забележи победа на нивниот соочување овој викенд.

В сабота од 18.30 часот на „Енфилд“ се игра дербито на 12. коло од Премиер лигата. Арсенал е во одлична форма пред овој меч и има три врзани победи, додека Ливерпул во последните три кола забележа пораз, реми и победа.

„Не постигнавме добри резултати во последните неколку недели. Затоа сме во ваква ситуација. Загубивме од Вест Хем, но и да освоиме бод ништо немаше да се промени значително. Знаеме дека треба да играме подобро, да се бориме. Арсенал е многу добар тим, но ние ќе играме на „Енфилд“.

Немаше шанса Арсенал да остане таму каде што беше на почетокот на сезоната. Беше јасно дека ќе се врати. Тие постигнаа неверојатни резултати. Тие се добри, но знаат дека имаа среќа во неколку натпревари. Не сме изненадени што се таму. Но, мораме да се погрижиме луѓето да знаат дека и ние сме добри“, изјави Клоп.

По единаесет одиграни кола во Премиер лигата Ливерпул има 22 бода и на четвртата позиција на табелата, додека Арсенал е веднаш зад него со два бода помалку.