Кире Маркоски на лекарски прегледи во Шкендија!?

Екипата на Шкендија е на прагот да добие ново засилување во офанзивата, затоа што актуелниот играч на Шкупи, Кире Маркоски, веќе бил во Тетово и бил на прегледи пред трансферот да се официјализира.

Маркоски, кој има 26 години, по инсистирање на тетовчани бил на прегледи во болницата „One“ во Тетово каде вообичаено се тестираат новите засилувања на Шкендија. Доколку се мине во најдобар ред, крилниот играч ќе стави потпис на договор со тетовчани.

Кире Маркоски во последната полусезона за Шкупи одигра шеснаесет натпревари на кои даде два гола, а исто така беше дел и од европските натпревари каде еднаш се запиша во листата на стрелците.

Покрај за чаирчани тој играше уште и за Академија Пандев, АЕЛ Лимасол, Карвина, Спартак Трнава и Работнички.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк