ВИДЕО: Кин му пресуди на Лацио, Јуве со шест победи во низа ја заврши годината во Серија А!

Со победа на Јувентус беше спуштена завесата од овогодишните натпревари во Серија А. Во последниот дуел пред паузата заради Светското првенство во Катар, „старата дама“ ја продолжи победничката серија и со 3-0 славеше во големото дерби oд 15. коло со Лацио. Вечерашните три бода го искачија поранешниот италијански шампион на високото трето место, со 31 бод, два помалку од Милан, а десет од лидерот Наполи.

  • Извештај од натпреварот: 

„Бјанконерите“ долго време беа мета на критики од домашната јавност и навивачите. Нивната игра беше далеку под очекувањата, а резултатите катастрофални. Долго време се шпекулираше за отказно решение за тренерот Алегри, но раководството на клубот веруваше својот стратег и неговата филозофија и се чини дека не погреши. Јуве есенската сезона во Серија А ја заврши со шест победи во низа, кои донесоа голем скок на табелата и што е најважно задоволство и насмевки кај фановите.

Што се однесува до дербито со Лацио, Алегри одново не можеше да смета на неколку клучни фудбалери. Влаховиќ повторно не беше во состав, но затоа повторно блесна повратникот во тимот, Моизe Кин. 22-годишниот италијански напаѓач пред три дена беше единствениот стрелец во победата над Верона, а голгетерската низа ја продолжи вечерва, со два гола во мрежата на лацијалите.Конечните 3-0 ги постави Милик во судиското надополнување.

Јувентус својот прв натпревар во 2023 година го игра на четврти јануари против Кремонезе, додека Лацио ќе гостува кај Лече.

Состави

Масимилијано Алегри

3-5-2

    Маурицио Сари

    4-3-3