Карсон влезе против Спортинг и собори чуден рекорд во Лигата на шампионите

Пеп Гвардиола ја искористи убедливата победа на гости кај Спортинг во првиот меч од осминафиналето на Лигата на шампионите и на реваншот на „Итихад“ шанса за настап му даде на 36-годишниот голман Скот Карсон кој влезе на местото на Едерсон во 73. минута и со тоа собори рекорд во Лигата на шампионите.

Имено, станува збор за тоа дека овој човек последниот настап во Лигата на шампионите го имаше пред 16 години и 338 дена. Така, Карсон стана рекордер во најдолгочекање за нов настап во Лигата на шампионите. Последен пат во ова натпреварување настапи во дресот на Ливерпул.

Со Ливерпул, искусниот чувар на мрежата ја освои Лигата на шампионите во 2005 година и ФА Купот една година подоцна, додека со Сити има трофеј во Премиер лигата.

Покрај Сити и Ливерпул, Карсон играше и за Дерби Каунти, Виган, Бурсаспор, Астон Вила, Чарлтон, Шефилд и Лидс каде ја започна својата кариера.