Капитенот на Ренџерс разочаран: Тешко се поднесува пораз на пенали

Глазгов Ренџерс имаше исклучителна сезона во Лига Европа, стигна до финалето и пенал рулетот, кој на крај остана без посакуваниот трофеј, кој заврши во рацете на фудбалерите на Ајнтрахт.

Најдобар стрелец сезонава во ова натпреварување е десен бек, а тоа е капитенот на шкотскиот гигант, Џејмс Таверние, кој не го криеше разочарувањето по поразот на стадионот „Рамон Санчез Писхуан“.

„Разочаран сум како заврши натпреварот. Тешко е да се поднесе пораз на пенали. Имавме водство, а примивме гол во ситуација кога моравме подобро да реагираме. Нивниот голман имаше фантастична одбрана при ударот на Рајан Кент во самиот финиш, а потоа му го одбрани пеналот на Арон Ремзи. Разочаран сум, но тоа е само збор, бидејќи исто така сум и горд на овој тим и овие момци кои направија голем успех оваа сезона“, рече десниот бек на Ренџерс.

Англичанецот Лигата на Европа ја заврши со седум постигнати гола и две асистенции. Зад него во листата на стрелците се најдоа Екамби од Лион и Галено од Брага со по шест гола.

Состави

Oliver Glasner

3-4-2-1

    Giovanni van Bronckhorst

    4-2-3-1